Општо

Короната и родовото насилство

Невиден притисок се извршува врз здравствените услуги ширум светот додека трае пандемијата COVID-19. Многу влади постапиле по медицински совети и инсистирале  на  најбезбедното нешто што треба да направите, а тоа е да останете дома и да не излегувате, освен ако не е апсолутно неопходно. Сепак, искуството на луѓето е далеку од универзално, а истражувањата откриле дека карантинот на COVID-19 би можел да влијае сериозно на неставањето крај на родово базираното насилство. Сексуалните и репродуктивните услуги се одземени, телефонските линии за пријавување на родово насилство забележаа порастна повиците на глобално ниво и нарушувања во образованието и превентивните услуги значи дека милиони девојчиња можат да се соочат со големи проблеми.

Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на Обединетите нации изјави дека пандемијата COVID-19 може да има сериозни и долготрајни последици по здравјето на жените. „Долго време, водиме напори во светот да се стави крај на насилствотот брз жените. Кампањите за едукација се насочени кон заедниците каде што работиме напорно за да ги едуцираме тамошните лидери и да поддржуваме програми со цел да се елиминира насилството врз жените.

Овие програми се нарушени заради COVID-19,“, вели д-р Алабаров, Заменик извршен директорна УНФПА. UNFPA предвидува дека ќе се случат дополнителни 13 милиони детски бракови кои инаку не би се случиле меѓу 2020 и 2030 година.

“Пријавено е дека низ целиот свет добротворни организации и организации бележат пораст на повиците кон телефонските линии за злоупотребиво круговите на семејствата. Доколку карантинот трае шест месеци, може да се очекуваат 31 милиони дополнителни случаи на родово насилство. На секои три месеци продолжување на изолацијата се предвидуваат дополнителни 15 милиони дополнителни случаеви од ваков тип. Кога од жените и девојчињата се бара да останат во домовите со своите насилници, услугите лице в лице се намалуваат, а напорите за заштита не функционираат и тоа може да има смртоносни последици. Пандемијата COVID-19 би можела да биде штетен за жените и девојчињата низ целиот свет  содецении.”-изјавува Д.р Албаров.