За прв пат во својата 138 годишна историја, Централната банка на Јапонија назначи жена за гувернерка. Централната банка на Јапонија е основана во октомври 1882 година.
Токико Шимицу, 55-годишната банкарка, била назначена за извршена директорка како дел од големата реорганизација во Централната банка на Јапонија, со што станала дел од тимот од шестмина директори одговорни за секојдневното работење и функционирање на истата.
Таа започнала да работи за Банката на Јапонија уште во далечната 1987 година. Шимицу била задолжена за раководење на секторот за финансиски пазари и девизно работење, а била генерален директор за Европа и главен претставник во Лондон во периодот помеѓу 2016 и 2018 година.
Токико Шимицу стана првата жена во долгата историја на Централната банка на Јапонија која зазема една од шесте позиции на извршен директор.
Најнови коментари