Општо

Мобинг и сексуално вознемирување во Исландскиот парламент

Мобингот и сексуалното вознемирување на работното место го има насекаде, но според статистиките, процентот во споредба со други земји, во Скандинавските е многу помал.

Но, новата анкета спроведена од Одделот за Социјални науки на Универзитетот во Исланд, во парламентот на Исланд, покажала дека постои мобинг и сексуалното вознемирување на работно место помеѓу пратениците и покрај регулативите на парламентот  кои забрануваат вакви практики.

75,4% од испитаниците/чките изјавиле дека веруваат дека нивниот пол нема никакво влијание врз начинот на кој се однесувале другите кон нив, додека 20,4% рекле дека веруваат дека биле третирани полошо заради нивниот пол. Само 4,2% веруваат дека се третирани подобро. 59% од женските пратенички и 17% од машките пратеници се изјасниле дека биле третирани полошо заради нивниот пол.

На темата за мобинг, 80% од вработените во парламентот одговориле дека никогаш не го искусиле тоа, додека 20% изјавиле дека биле под мобинг.  Појавата била најчеста помеѓу парламентарците, при што 35,7% пријавиле дека биле малтретирани на работа или во врска со тоа. Истото било забележано и кај 15% од вработените во парламентарните канцеларии и 6,3% од работниците/чките во парламентарните партии.

16% изјавиле дека биле сексуално вознемирувани на работното место; половина од кои во парламентот, 25% и во рамките на и надвор од работното место, а 25% надвор од работното место. Повеќето од сторителите, или 87,5%, биле мажи. Родово вознемирување е пријавено од 18,4% од испитаниците, повеќето од нив (31,8%) парламентарци, при што повеќето биле  жени.  Сторители биле во главно мажи, или 74%.

И покрај парламентарните регулативи што строго забрануваат вознемирување врз основа на полот, само двајца испитаници ги пријавиле инцидентите.

Ова не е нов проблем во парламентот. Како што беше соопштено минатата година, оваа состојба трае во Собранието веќе со години. Премиерката Катрин Јакобсдотир одговори на студијата објавена во тоа време велејќи дека отворањето дијалог за ова прашање е неопходно. „Досега бевме во првите редови кога станува збор за борба за родовата еднаквост во светот, но мислам дека многу луѓе се изненадени од овие податоци, изјавува таа. „Но, добрата работа во врска со ова е што мислам дека започнуваме да зборуваме многу повеќе и отворено за тоа“.