Лилијан Гилбрет (24 мај 1878 година – 2 јануари 1972 година) имала диплома за литература од Беркли. Додека работела на својот докторат, се запознала со нејзиниот иден сопруг Френк Гилбрет, кој се занимавал со психологија. Заинтересирана за тоа, Лилијан го сменила текот на своето студирање и станала една од првите жени инженерки која била доктор на науки – првиот индустриски / организациски психолог.
Таа го направила првото истражување од областа на организациската психологија, за влијанието на меѓучовечките односи врз ефикасноста на работата. Заедно со нејзиниот сопруг, таа основала компанија која ги проучува работните процеси и ги поделила чекорите за да ги направи што е можно поедноставни и побрзи. Таа и Френк напишале многубројни книги, но на повеќето од нив фигурирало само името на Френк, затоа што издавачите сметале дека машкото име ѝ дава кредибилитет и сигурност на книгата.
По смртта на Френк, Гилбрет се соочила со неодобрување и дискриминација од страна работници. Затоа Лилијан решила да им помогне на домаќинките, осмислувајќи поедноставни и побрзи начини и уреди што им го олеснувало работењето дома и им заштедувало време да ја завршат работата што нив навистина ги интересирала. Гилбрет поднела бројни патенти за нејзините дизајни, вклучувајќи и еден за подобрување на електричниот отвор на конзерва и друг за цревото за отпадни води за машини за перење. Додека работела како индустриски инженер во „General Electric “, таа интервјуирала над 4.000 жени, за да дизајнира соодветна висина за печки, мијалници и други кујнски тела, работејќи на подобрување на кујнските дизајни“. На пример таа измислила контејнер за отпадоци со педал и полици во фрижидер, го подобрила дизајнот на кујната, како што е висината на шпоретот и мијалникот, правејќи ги домашните работи поедноставни, полесни и поудобни.
Во 1926 година, кога Johnson и Johnson ја ангажирале како консултант да направи маркетинг истражување на санитарни салфетки, имaле огромна корист од три причини. Прво, Johnson и Johnson ја искористиле нејзината обука како психолог во анализата на ставовите и мислењата на муштериите. Второ, искуството што го имала како инженерка специјализирана за интеракција помеѓу телата и материјалните предмети, било од голем бенефит за компанијата. Трето, нејзиниот јавен имиџ како мајка и модерна жена во кариерата ѝ помогнал на фирмата да изгради доверба на потрошувачите во нејзините производи.
Оваа жена придонела многу во оваа област и ќе биде засекогаш запаметена. Лилијан Гилберт предавала на безброј американски универзитети. Неколку инженерски награди се прогласени во нејзина чест. Националната академија за инженерство ги основала “Предавањата на Лилијан М. Гилбрет” во 2001 година за да им даде признание на извонредните млади американски инженери. Највисоката чест што ја доделува Институтот за индустриски инженери е наградата “Индустриско инженерство Френк и Лилијан Гилбрет”. Таа ги одликува тие кои преку својата работа придонеле за благосостојбата на човештвото во областа на индустриското инженерство. Наградата “Почитуван професор на Лилјан М. Гилбрет” на универзитетот Пурдју му се доделува на член на одделот за индустриско инженерство. Друштвото на жени инженери им доделува стипендија “Меморијалниот спомен на Лилјан Молер Гилбрет” на жени студентки по инженерство
Најнови коментари