Општо

Проблемот Принцеза

“Сфатив дека денес би можел да го сумирам она што не беше во ред со маркетингот на девојчињата и тоа во една сатиризирана слика, Може ќе биде полесно да признаеме дека не успеваме. И понекогаш најдобриот начин да се открие нешто, е свеж поглед на она што е веќе пред нашите очи “.

Ова е тоа што Дејвид Трамбл, политички картунист и автор / илустратор, го постави за цел да го стори кога се приклучи на визуелениот проект во партнерство со Др. Ребека Хаинс, водечка експертка за детска култура во медиумите и професор по маркетинг и студии за медиуми, која буквално ја напиша книгата на темата на границите и опасностите од Принцезата – (лик со кого младите девојчиња се поистоветуваат). Тие работеле на ”Принцеза проблемот”. Со податоците од истражувањето се придружува и  професорката Сара Којан, која заклучила дека “поистоветувањето со културата и имиџот на Дизни принцезата не е толку безопасен”.

Студијата на Којан, објавена во „Детски развој“, вклучила 198 предучилишни установи и оцени колку тие се во интеракција со културата на Дизни принцезата (гледање филмови, играње со играчки, итн.). Открила дека „културата на Дизни принцезата ги зголемува стереотипите кај младите девојчиња и може да влијае кон тоа тие да бидат поподложни на потенцијално оштетување на стереотипите“, што може да доведе до самонаметнати граници – избегнување на важни искуства за учење „кои не се перцепираат како женски“ или во тоа тие  да веруваат дека „нивните можностите во животот се различни ако си жена“.

Зошто е ова проблем? Како што објаснува Којн:, „Знаеме дека девојките кои силно се придржуваат кон женските родови стереотипи се чувствуваат како да не можат да направат некои работи“. Таа додава: „Тие не се толку сигурни дека можат да успеат добро во математиката и науката. Тие не сакаат да се извалкаат, па затоа е помала веројатноста да се обидат и да експериментираат со работите. “

Ова е точно поентата на проектот на Дејвид Трамбл, кој со имиџот на Принцезата зборува за важноста да се претстават девојчињата како личности со неограничено чувство за можности. Тој вели -„Проблемот со принцезата е секако комплексен проблем, но за среќа не мора да бараме премногу далеку за да го видиме; Точно е пред нас на секоја полица, украсена со светкаво, херметички запечатено, совршено розово пакување.

Еден заклучок кој го донесле и тројцата. Нека има умереност во сите работи. Вклучете ги вашите деца во сите активности, а  принцезите нека бидат само една од многуте работи што ќе сакаат да ги прават .