Општо

Платформа е- психолог – психолошка поддршка за жртвите на семејно насилство во време на коронавирусот

Група студенти на ФИНКИ инспирирани од новонастанатата ситуација со цел да се помогне на жртвите од семејно насилство во време на коронавирусот,после нивното истражување на темата,  како иновативна опција за психолошка поддршка ја изработуваат во платформата е-психолог.

Во рамките на нивниот проект во соработка со  психијатарот д-р. Оливера Суботин-Поповска “статистиките покажале дека најчесто жените се жртви на семејно насилство, поради, како што вели доктор Оливера,” општеството во кое живееме и традиционалните ставови за половите улоги во семејството.”

Бидејќи во анкетата на ФИНКИ се докажа дека најголем дел од жртвите не пријавуваат насилство и продолжуваат да живеат со насилникот, таа вели дека причината за тоа се културните норми кои го поддржуваат правото на мажот да биде насилен со својата интимна партнерка, слабите казни за таквото однесување, како и страв од одмазда, финанскиска зависност од насилникот и страв од осуда од околината.

И според доктор Оливера, семејното насилство е зголемено за време на карантинот бидејќи насилникот и жртвата поголемиот дел од времето го минуваат заедно, при што се затворени сите места каде може да се канализира агресијата.

Целта на овој проект е да се охрабрат жртвите на семејно насилство, истото да го пријавуваат, а оние кои се сведоци да не го премолчуваат.

Не сте сами, секогаш постои излез!

(#БезбедниДома е проект, граѓански активизам на студенти на ФИНКИ. Проектот е работен по  предметот Медиуми и комуникации на темa Влијанието на карантинот за време на ковид-19 пандемијата врз стапката на семејно насилство во Македонија).

Извор: mkd.mk