Општо

На 101 – годишна возраст почина Вики Вуд – најбрзата жена на трки со коли

Таа била наречена „најбрза жена на трки со коли“ и „најбрза жена на трки со коли во песок“. Нејзината експлозивна брзина на тешко спакуваните песоци на Дејтона Плажа, Флеј, во 1960 година, достигнувајќи 150 милји на час, заработи место во рекордните книги.

Г-ѓа Вики Вуд имаше 101 година кога почина на 5 јуни оваа година  во болницата во Троја, Мичиген. Причината е поврзана со срцето, изјавила нејзината внука Беверли Ван Де Стивен.

Вики Вуд, жената во машкиот свет на авто-трките, била меѓу првите жени што се натпреварувале во оваа дисциплина и се смета за легенда во NASCAR трките.  Таа ја срушила родовата бариера во 1957 година во Мичиген и во 1959 година на Меѓународниот автопат Дејтона, кој штотуку беше отворен таа година. Кога се откажала од трки во 1963 година, таа веќе имала 48 трофеи.

Во 1950-тите, женските возачи генерално се натпреварувале само едни против други, во т.н. трки во песок. Г-ѓа Вуд се тркала против мажите, но таа не била добро прифатена на почетоците.

Бил Франц, кој го изградил автопатот Дејтона и ги основал NASCAR трките, во 1959 година дал дозвола Вики да се трка, но зборот не ги стопирал вратарите да ја спречат. Кога се појавила подготвена за возење, неа ѝ било речено дека на жените не им бил дозволено да влегуваат во полигонот. Кога му било кажано што се случило, г-дин Франц бил бесен. „Вики Вуд не е жена“, изјавил тој. „Таа е возачка и дозволено ѝ е да се трка“.

Со својата маичка и марама на вратот, г-ѓа Вуд изгледала секогаш гламурозно. Во една прилика носела здолниште и високи потпетици. Некој новинар ја прашал зошто е облечена така, на што таа одговорила – “Знаев дека веројатно ќе победам и дека сакате да ме интервјуирате и сакав да изгледам добро”.

Растејќи во Детроит, Вики била опкружена со автомобили. Таа секогаш била во друштво со нејзините шест браќа, а автомобилите биле популарна тема на разговор. Но, таа не започнала да се трка до средината на 30-тите години.

Во една квалификациска трка, таа стигнала за 2/100 од секундата побрзо од водечкиот машки возач. Таа станала првата жена во Мичиген што се тркала против мажите. Минатата година беше внесена во салата на славните во Мичиген. Кога започнала да оди во Дејтона, во 1955 година ги зголемила рекордите за брзина. Нејзиното достигнување на врвот се случило во 1960 година, кога го “запалила” песокот во Дејтона за време на брзиот тест – натпреварувајќи се против часовникот, а не против другите возачи – на 150.375 милји на час. Таа брзина останува рекорд за еднонасочно возење на песок, главно затоа што трките во плажа веќе не се дозволени.

Во 1960 година за жените возачки изјавила со насмевка на лицето. „Тие се непредвидливи, никогаш не знаете што ќе направат“.

Таа останала горда на својата тркачка кариера сѐ до крајот. Нејзиниот внук Нил изјавил дека, години подоцна, кога ќе ја прашал за трките против мажите, „таа ќе добиела некој сјај, лицето ќе ѝ заблескало и ќе речела: ‘Се тркав против стотина од нив и ги победив сите.’ ”                                                  

Како заклучок, Вики Вуд беше пионерка на трките и национален рекордер од 1953 до 1963 година. Нејзината приказна треба да биде запаметена во книгите по историја како една од првите жени возачи на трки.