Како е учеството на жените во политиката променето во последните 20 години во регионот на ОБСЕ? Нов водич објавен од страна на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во февруари 2016 ги истражува трендовите и сплотува богатство на добри практики за унапредување на положбата на жените во политиката.
Објавувањето на публикацијата – Компендиум на добри практики за унапредување на политичкото учество на жените во регионот на ОБСЕ – ја следи 20-годишнината од Пекиншката платформа за акција, меѓународен форум на активисти и влади, кои работат за еманципација на жените насекаде.
„На конференцијата во Пекинг јасно се стави до знаење дека “Правата на жените се човекови права.” Исто така, катализираше глобално движење што во текот на последните 20 години значително придонесе за економски, политички и социјален напредок. Сепак, останува уште многу да се направи. Платформата за акција останува план според кој ние продолжуваме да го мериме напредокот до овој ден. 20-годишнината од Пекинг треба да послужи за да не охрабри да продолжиме со нашата работа за родова еднаквост во целиот свет.“ – Мелани Вивер, специјалниот претставник за родова еднаквост за Претседателството на ОБСЕ
Целиот Компендиум на добри пракси, како и графиконите произлезени од него можете да го најдете тука.
Најнови коментари