Клиничката болница Битола е регионален КОВИД центар. Персоналот во неа е спремен за да се справи со пандемијата. Но факт е дека Скопје во моменот е најголемото жариште во Македонија и тамошните капацитетите се борат со сите сили да им помогнат на сите хоспитализирани лица. Можеме само да претпоставуваме колку им е тешко во овие моменти.
Утрово Клиничката болница од Битола испрати свој тим од три медицински сестри во ГОБ 8ми Септември за помош. Тоа се: Николина Митановска, Виолета Димова и Маријана Невеновска и јавно им се заблагодари за жените хероинки кои први покажаа солидарност со зборовите : “Ви благодариме што го прифативте предизвикот и ја покажавте вашата хуманост, несебичност и пожртвуваност. Чувајте се”.
Ова нека служи за пример, како медицински сестри кои учеле да спасуваат животи на дело ја покажуваат нивната сила во овие ризични моменти за македонското здравство.
Најнови коментари