Општо

Бизнис кризи во пандимијата и како да се справите со нив

“Би се обложила на добри пари дека луѓето што не се ставаат под многу стрес или го негираат сопствениот стрес – ја завршуваат полесно својата работа. Почнете да го правите истото”. Вели Денис Броди од Форбс.

Еве некои правила што таа ги применила и ги дава како совет на жените во добата на пандемијата КОВИД 19.

“Не одбивајте помош”

Ништо нема да ја натера оваа моментална криза да замине брзо. Една тактика која е корисно да ја примените е: Кажи им „Да“ на добронамерните пријатели и семејството кои нудат помош. Не одбивајте кога некој ќе рече: „Може да ти помогнам да направиш x или y“. Направете план и спроведете го. Не ги одложувајте работите додека светот не стане побезбеден.

Светот никогаш не е безбеден, само мислиме дека е така. Вашата работа, каква и да е, никогаш не била безбедна. Ниту вашето здравје. Сами можете да управувате со оваа неизвесност. Кога тропате на вратите самоуверено и делувате на начин што ви дозволува да побарате одредена моќ, ќе се чувствувате помалку стресно.

Денис раскажува – „Се сеќавам на една конференција за бизнис лидерство, после  ураганот Катрина, каде зборуваше една  многу моќна жена (која работеше на олеснување од катастрофи). Ни покажа слајд на кој пишуваше: „Никој не доаѓа да ви помогне“. Тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Без разлика каде ќе се преселите или со кого и да одберете да ги градите своите пост-пандемски односи, вие сте сами. Само вие можете да си помогнете да започнете повторно после било каква криза.

Не ви треба организација за да ве турка напред. Потребен ви е принцип на организирање. Ставете се во центарот. Додека сте во овој хаос на пандемијата, запрашајте се, што ми треба за да го намалам нивото на стрес во мојот живот? Направете список од сè што ви помага да стигнете до таа цел, следете го и правете го тоа секое утро.“

И престанете да прифаќате ”Не” за одговор. Штом ќе го сторите тоа, ќе можете да престанете да верувате  во негативните работи што луѓето ги кажуваат за вашата работа.  Наскоро ќе  почнете да се чувствувате и зборувате посамоуверено и вашите цели ќе бидат појасни. Понекогаш треба да ги повторуваме сите овие лекции повторно и повторно додека не станеме подобри “Јас лично, започнав сопствен бизнис и јас ги креирам правилата. Истражувањата велат дека сопствениците имаат пониско ниво на стрес.”

” Never waste a crisis” вели Денис Броди наведувајќи дека и од оваа пандемија може многу да научиме за тоа како да бидеме успешни.