Маргарет Пејн која има 90 години, го заврши своето 282-то искачување на скалите во нејзиниот дом во Ардвар, Сатерленд во Шкотска- висина на планината Суилвен-731 метри).
Ова беше нејзин подвиг за да се заблагодари на болницата Highland Hospice , чиј персонал се грижел за нејзиниот сопруг, кој починал таму за Божиќ. „Тие беа неверојатни, секој ден си го ризикуваа својот живот. ”Таа собра повеќе од 347,000 фунти.
„Дефинитивно станав малку побрза, што мора да значи дека сега сум малку и посилна”-изјави Маргарет за Irish News.
До неа упати честитка и принцот од Велс, кој напиша: „ Јас сакам да додадам – колку инспиративно е да се биде сведок на огромниот успех на нејзиниот напор за прибирање средства. Предизвик беше начинот на кој г-ѓа Пејн им се заблагодари на медицинскиот персонал, кој се грижеше за нејзиниот покоен сопруг Џим.”
„Презадоволни сме од хуманитарната акција на Маргарет и од јавниот интерес што го побуди сето ова. Маргарет покажа вистинска решеност и беше инспирација за старите и за младите лица.”- изјави Ендру Лејвер, одговорен за финансии во болницата. “Маргарет сега заслужува еден убав одмор, а ние навистина не можеме да најдеме зборови да ја искажеме нашата благодарност до неа. “
Љубовта може да биде толку силна и да ни претставува прва водилка која не носи напред во животот. Но исто така, оваа приказна нека ни биде пример за благодарност кој медицинскиот персонал, кој 24 часа, 7 дена неделно, се грижи за нас во овие тешки денови и дава сѐ од себе за секој пациент да излезе жив и здрав од болниците. Наше е да помогнеме, да си помогнеме себе и да им помогнеме нив. Носете маски, држете дистанца, мијте раце , не се групирајте. Има денови и за тоа. Да ги почитуваме мерките и да придонесеме за побрзо поминување на оваа состојба кај нас.
Најнови коментари