Камала Харис е првата жена Заменик Претседателка на Соединетите Американски Држави, но не само тоа, таа е првата Заменик Претседателка со Африканско и Јужно Азиско потекло. Таа отворено зборуваше за нејзините родители имигранти ( мајка од Индија, татко од Јамајка) во својот говор на церемонијата за номинација.
„Мајка ми ни ги всади на сестра ми, Маја и мене вредностите што ќе го исцртаат текот на нашите животи“, рече Харис. „Таа нè воспита да бидеме горди, силни црни жени. И таа нè воспита да знаеме и да се гордееме со нашето индиско наследство “.
За време на нејзината претседателска кампања, Харис изјави дека ќе потпише извршна наредба со која се бара проверка на луѓето кои сакаат да купат огнено оружје, да побара построга регулација на производителите на оружје и да ги ограничи домашните насилници да купуваат оружје. Таа исто така објави план за здравствена заштита кој гарантира здравствено осигурување за сите Американци, едновремено овозможувајќи да останат приватните осигурувања.
Посебно силна беше нејзината порака до младите жени, кои го следеле онлајн настанот на 29ти Август. „До сите млади жени кои го гледаат ова“, рече Харис, „сакам да знаете дека лидерството започнува на денот кога ќе се родите. Никогаш не сте премногу млади или премногу стари за да бидете лидер“.
Во моментот кога дознава дека е најверојатно избрана таа била на џогирање, како што се гледа од нејзината објава на твитер.
Најнови коментари