Вести

Маја Санду, првата жена Претседател на Молдавија

Молдавија ја избра првата жена претседател во земјата, откако поранешната премиерка Маја Санду во понеделникот со огромно мнозинство освои 57,7% од гласовите на народот.

Санду, која има 48 години, победи по вториот круг со актуелниот претседател на Русија, Игор Додон, кој доби 42,2% од гласовите. Според експертите, патот на Санду до освојувањето на претседателската функција бил трнлив, а нејзиниот противник ја насочил негативната кампања токму затоа што е жена и нема стапено во брак, ниту пак има деца. Мизогинистичките и сексистички коментари се меѓу главните предизвици со кои таа требаше да се соочи во текот на претседателската кампања.

Санду – која работеше за Светска банка и беше накратко премиерка на Молдавија – доби пораки за поддршка од германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.