Во текот на животот уште од мали не учат што треба да правиме, што не треба, што е добро, а што не. Многу од тие работи толку често ни ги повторуваат што си ги прифаќаме како неприкосновени вистини и не се ни обидуваме да ги смениме. Според Марк Чернов има 10 такви невистини.
1. Сам значи осамен
„Сам“ не секогаш значи и осамен и „во врска“ не секогаш значи среќен. Да се биде сам никогаш нема да предизвика толкава осаменост колку што може тоа да го направи погрешна врска. Прво најдете се себеси, почитувајте ја сопствената вредност.
2. Среќата доаѓа кога имаш се што посакуваш
Да бидеш среќен не значи дека не треба да посакуваш повеќе, туку да бидеш благодарен за тоа што го имаш и стрплив за тоа што допрва ќе дојде. Некогаш толку се занесуваме обидувајќи се за постигнеме нешто големо, што забораваме да ги уживаме малите работи кои му даваат магија на животот. Затоа ценете го денешното за целата негова вредност. Бидејќи денешниве случувања ќе бидат „добрите стари времиња“ кои ќе ни недостасуваат во годините што следуваат.
3. Болката е нешто што ќе го видиш
Никогаш не ја потценувајте болката на некоја личност, некои луѓе едноставно подобро ја прикриваат од други. Не знаете што се одвива позади затворени врати. Осудување на другите е непотребно трошење на енергија и време. Ако имате време да ги судите другите значи имате премногу слободно време. Фатете се за работа и правете нешто значајно.
4. Животот треба да се одвива на одреден начин
На крајот само нашите сопствени размислувања не повредуваат. Секогаш имаме можност да одбереме како ќе реагираме на тоа што животот ни го носи. Ослободете се од мислите каков би требало да ви биде животот и прифатете го реалниот живот. Променете го тоа што можете да го промените и сменете го начинот на кој размислувате за тоа што не можете да го промените.
5. Ти треба да си според некој терк
Кога ќе престанете да се споредувате со други луѓе, вистински или замислени, тогаш ќе го почувствувате мирот кој ќе биде реален, а не замислен
6. Само малкуте привилегирани можат да водат одличен живот
Ако секое утро се будите со помислата „Да, денес ќе биде одличен ден“ и секој пладне најдете причина да кажете „Да, ова е одличен ден“ и секоја вечер најдете причина да кажете „Да, ова беше одличен ден“. Тогаш некој ден, после многу месечини, ќе погледнете наназад, ќе се насмевнете сеќавајќи се и ќе кажете „Да, јас живеев одличен живот“.
7. Тешките моменти се непотребни
Некогаш работите мора да тргнат погрешно пред да можат да тргнат во права насока. Некогаш мора да ги пуштите погрешните луѓе да излезат од вашиот живот, за да можат вистинските да влезат во него. Некогаш мора да се почувствувате слаби, за да можете да познаете како е да си навистина силен. Некош мора да запознаете многу луѓе кои ви се допаѓаат пред да ја најдете личноста. Некогаш заедно со доброто мора да го пуштите и лошотот, знаејќи дека на крајот тоа ќе биде едно вредно искуство.
8. Да се биде силен значи да не се чувствува болка
Во реалноста, најсилни луѓе се оние кои ја чувствуваат болката, ја прифаќаат, учат од неа и работат низ неа. Се сведува на тоа да побарате време за себе, да пролеете некоја солза, да се кренете и да се вратите во рингот за да се борите како никогаш претходно.
9. Можете да одглумите
Почуствувајте ја љубовта пред да кажете „Те сакам“. Почувствувајте ја благодарноста пред да кажете „Благодарам“. Почувствувајте го жалењето пред да кажте „Жал ми е“. Кога навистина го чувствувате пред да го кажете, тогаш навистина ви требаат многу малку зборови за да го искажете и оди право во срцето.
10. Сонувањето е губење на време
Најголемите работи се оние невидливи за голото око, туку почувствувани длабоко во срцето. Она што го гледаме е најчесто само многу мал дел од она што е возможно. Некаде, нешто прекрасно чека да биде откриено, само треба да сонуваш доволно за да го откриеш.
Најнови коментари