Вести

КОНКУРС за учество на жени на обуки за подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување

Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од неколку општини на обуки за:

1) Развој на бизнис идеја и бизнис план, 2) Претприемништво и менаџерски вештини, 3) Основни вештини за вработување и 4) Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.

Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Обуките се наменети за жителки на Град Скопје, како и на следните општини: Аеродром, Битола, Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Крива Паланка, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица и Центар.

Рокот за пријавување е 27 декември, 2021 година до 16:00 часот.

Обуките ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022

За дополнителни информации околу начинот на организација на обуките можете да видите на веб страната на CEED Hub, или да ги контактирате на atrpovska@ceed-macedonia.org.