Вести

Првата авионска посада составена само од жени

По повод Националниот ден на Брунеи посада составена само од жени го раководеше летот на Royal Brunei Airlines, од Брунеи до Саудиска Арабија. Иако тоа се смета како значаен момент за компанијата, која едновремено ја има има и првата жена капетанка во Југоисточна Азија, сепак е уште позначајно што овие жени авионот со 300 патници го слетаа во земја која не им дозволува на жените ниту да возат.
„Да се биде пилот луѓето најчесто го гледаат како професија доминирана од мажи. За жена, посебно жена од Брунеи, ова е огромно достигнување. Им покажува на помладите генерации или на девојчињата посебно дека за што и да сонуваат, можат да  го постигнат.“ – коментира капетанката Sharifah Czarena Surainy Syed Hashim за The Brunei Times во 2012, кога стана прва жена капетан во Југоисточна Азија.