Разговараме со Билјана Лончар, една од основачките и управителка на loolka.mk – првиот македонски бренд кој произведува персонализирани перници и наддушеци.
Еднакви.мк: Што Ве мотивираше да ја започнете приказната на loolka.mk?
Билјана: Повеќе од 20 години работам како професионалец во индустријата на производи за спиење. По долгорочна соработка со професионалци од различни профили како што се физијатри, ортопеди, психолози и експерти за спиење дојдов до заклучок дека секој човек има потреба од уникатна перница и подлога за спиење. Идејата за раѓањето на Loolka се јавува од прашањето на моите пријатели и блиски луѓе, а тоа е: Која перница е најдобро да ја купам?
Мотивацијата дојде од желбата да создадеме решение што ќе го подобри секојдневието на луѓето преку подобар сон. Забележавме дека многу производи на пазарот нудат универзално решение, додека секој човек има различни навики и потреби. Loolka се роди како одговор на таа празнина – со фокус на персонализација, квалитет и внимателен пристап кон секој клиент.
Еднакви.мк: Што всушност нудат Вашите производи?
Билјана: Нашите перници и наддушеци се создадени да обезбедат правилна поддршка и максимална удобност, прилагодени на телото и навиките за спиење на секој корисник. Процесот започнува со разбирање на спиењето како основна физиолошка потреба на човекот, па оттука си јавува и суштинската потреба од здрав сон за правилно функционирање во текот на денот. Па затоа, како што секој човек ја одбира облеката според своите лични димензии, така треба да ја одбере и перницата и подлогата на која спие.
Еднакви.мк: Какви се реакциите од Вашите корисници?
Билјана: Знаејќи дека употребуваме единствен и уникатен алгоритам кој ја создава идеалната висина на перница на која секој човек треба да спие, истиот го тестиравме во соработка со физијатри на пациенти кои имаат проблеми со болки и вкочанетост во вратот, рамената и ‘рбетот кои најчесто се појавуваат заради несоодветни производи за спиење. Успешноста на нашите производи тестирани на пациенти со реални болки достигна повеќе од 95%, а она што е најважно, не само што спијат подобро, туку и значително им се намалиле болките кои претходно ги чувствувале.
Еднакви.мк: Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате?
Билјана: Еден од главните предизвици е едукацијата на луѓето и градењето доверба во персонализирани решенија за сон. Луѓето често се навикнати на стандардни производи, па потребно е време и комуникација за да се објасни зошто индивидуалниот пристап носи подобри резултати. Сепак, кога клиентите еднаш ќе го почувствуваат ефектот, довербата се гради природно.
Еднакви.мк: Како и каде може да се нарачаат Вашите производи?
Билјана: Производите може да се нарачаат онлајн преку веб-страницата loolka.mk, а достапна е и директна комуникација преку порака или телефон. На тој начин, секој клиент добива личен совет и помош при изборот на најсоодветното решение за себе.
За да дознаете повеќе за персонализираните решенија на Loolka посетете ја нивната веб страна loolka.mk



Најнови коментари