Мој став

Милена Лунеска – поетеса и прозна авторка

Поетеса, чија поезија е читана и во Македонија и надвор од неа, но и наградувана. Авторка на една книга, која воедно подготвува и втора; авторка која континуирано ја надградува својата душевна интелектуалност.  
Во исчекување на нејзината нова книга, погледнете ги нејзините најнови поеми „Ангели“ и „Сонови“.
АНГЕЛИ
Плачи срце, плачи сосема тивко,
болката пуштија со солзите да тече,
врисокот нека одлета со здивот!
Немоќта заковај ја во погледот
што ги осудува и заканува!!!
Плачи срце мое,
сосем тивко…
и не умирај од тага,
надежта ќе не лечи,
раните крвави ќе запрат,
лузните од лева страна
времето ќе ги скрие!
Плачи срце,
плачи сосема тивко да не слушне никој
како болат спомените!
Крилјата ни ги сечат,
но, Сонцето, за нас,
повторно ќе свети меѓу звездите!
И без крилја пак Ангели ќе бидеме!
СОНMilenaLuneskaОВИ
Сонувам,
а во сонот сум птица високо што лета,
далеку од јатото, далеку од домот,
но, душата е мир
на понесов верба и надеж,
Сонцето и во далечина ке ме води!!
Сонувам,
а на небото ознаки, патокази,
раскрсници разни, испишани правила,
воведен закон, казни за различни мисли,
но, јас и таму- по свое!
сама го бирам патот, патот кон југот!
Сонувам,
а и сонот се плаши од дождови и ветришта силни,
сака негде да се скрие,
а срцето мое и во невреме спокојно чука..
одамна знае…
животот само во сонови може битките без борба да ги губи!