Кристин Екстром работи со меѓународни програми за обука на ИЦЛД за повеќе од три години. Таа ги проучува родови студии, помина 5 години во пост-советските земји и има обучено повеќе од 200 државни службеници и политичари во развојот на локалната демократија.
Еднакви.мк: Која е мисијата на Интернационалниот Центар за Локална Демократија?
Кристин Екстром: Интернационалниот Центар за Локална Демократија е центар за размена на искуства и знаења за локалната демократија и добро владеење. Нашата мисија е да ја олесниме меѓународната соработка на локално ниво и стимулирање на пронаоѓање на заеднички решенија за секојдневните предизвици. ИЦЛД ги развива и одпочнува обуките за генерирање на нови знаења во областа на локалната демократија а воедно ги поврзуваме водечките истражувачи и искусни практичари од целиот свет.
Еднакви.мк: Која е најјаката страна на Вашите тренинг програми?
Кристин Екстром: Главната сила е мрежата која се создава за време на обуките, на национално и на меѓународно ниво. Државните службеници во администрацијата или политичари во локалната власт, кои се нашите две целни групи, да добијат шанса да работат заедно и да се разменат искуства за нивните секојдневни предизвиците. При тоа има нешто многу зајакнувачко во тоа вмрежување за време на обуките и потоа, а тоа е сознанието дека не сте сами, така што самите учесниците преставуваат меѓусебна инспирација на еден на друг.
Еднакви.мк: Какви програми развивате од областа на родовата еднаквост?
Кристин Екстром: Ние водиме две програми за обука кои се директно поврзани со родовата еднаквост. Едната е програма за Лидерство со таргетирање на локално избраните жени политичари, бидејки жените преставуваат малцинство во телата каде се донесуваат одлуки, а тоа преставува огромен проблем во демократијата. Обуката е со цел да се охрабрат жените кои се избрани да продолжат да се бават во политиката и да претставуваат пример за другите жени да се вклучат во политиката.
Друга програма е насочена кон државните службеници во локалната администрација, кои или веќе работат на прашањата на родовата еднаквост во нивните општини, или би сакале да започнат со работа. Клучното учење во овие програми е родовата еднаквост да преставува мејнстрим во редовните активности на организацијата, а не да биде додатен дел на активностите. Но, сите програми на ИЦЛД ја вклучуваат родовата перспектива во сите наши активности без разлика на основната перпектива како родовата еднаквост човековите права и животната средина и климатските промени се витални делови на одржливиот развој.
Еднакви.мк: Кој вид на активности ги имате во Македонија и Балканскиот регион?
Кристин Екстром: Во моментов имаме 4 програми за обука кои се отворени за државни службеници и политичари од Македонија и Западен Балкан. Меѓународниот Центар за Локална Демократија(ICLD) исто така спроведува партнерска програма преку која Шведска општина може да се здружи со општина во било кој од нашите 21 партнерски земји, а се договорат за партнерска соработка околу заедничките предвизвици на двете општини. Општина Чаир, на пример имаше долгогодишна соработка со општина Боткирка во Шведска.
Ние исто така имаме ICLD центар за знаење и истражување, и тоа е причината зошто денеска сме во Скопје, каде Проф. Андреа Спир ќе се претстави со своето истражување за спроведувањето на политиките за родова еднаквост во земјите на Западен Балкан.
Еднакви.мк: Која би била Вашата порака за жените во Македонија ?
Кристин Екстром: Верувам дека мојата порака до сите жени, не само во Македонија, е да бараат права. Ние, жените, сочинуваме половина од населението, но немаме половина од власта. Зошто би требало да бидеме задоволни со помала моќ, помало влијание и помали примали надници за иста работа одколку мажите?
Најнови коментари