Анализата „Родова рамноправност – политичко интегративен предизвик за современиот Балкан (низ примерот на државите од бившиот југословенски сојуз)“, изработена од Мр. Радица Тодоровска ја разгледува родовата рамноправност во политиката. Подолу во текстот е абстрактот на анализата, а можете да ја погледнете и целата анализа тука. Родова рамноправност – политичко интегративен предизвик за современиот Балкан ( бившите YU земји) .
Абстракт на анализата:
„Политиката претставува дел од општеството во кое доминацијата на мажите е значително изразена до седумдесетите години на минатиот век, кога бројот на жени членки во политичките партии постепено почнува да расте. После втората светска војна, оваа појава зема поголем замав и бројот на жените во националните парламенти се зголемува се до постранзициониот период кога настанува драстично зголемување на активната политичка партиципација на жените. Паралелно на тоа еродираше комодитетот на дотогашните протагонисти во политичкиот свет, кои како клучни„decision makers“ добија закана за својата супрематија во политичкото општество. Желбата и можноста на жената да се вклучи во политичкиот живот, зависи од повеќе фактори како што се образовниот и професионален статус, социјалниот статус, развиеност на демократските институции.Рамноправното учество на жените во политичките процеси,уживање еднакви права за реализација на сопствените потенцијали и еднаков статус со мажите ќе влијае на политичкиот, социјален и културен развој на современото демократско општество.
Балканските земји се сведоци за регион во кој се поголемото присуство на жените во политиката го означи напуштањето на патријархалниот карактер на општествата фокусирајќи се на интересот за приближување кон Европската Унија. Државите од југословенскиот сојуз минувајќи низ фазата на посткомунистичка транзиција се идеален пример за анализа на политичката трансформација на општеството особено од аспект на половата еднаквост.
Додека во деведесетите години на минатиот век, Балканот беше под доминација на воени лидери,мажи- националисти, новиот век предвиде законска категорија за рамноправност на половите. Во оваа насока земјите од Балканот во своето позитивно право инкорпорираа задолжителни квоти за застапеност на жените во политикaта.
И двете родови квоти, едната за избори и за системот на претставничката демократија и другата, квота за демократската партија го претставуваат нумеричкиот пристап во одредување на родовата еквивалентност во политиката. Влијанието на жените- политичари во парламентот или политичката партија во голем дел зависи од нивното присуство во процесот. Веројатноста да се постигне политичко влијание на жената во политичките процеси зависи од бројот на жени кои се на позиција во политичките институции на системот.“
Најнови коментари