Вести

Коефициентот на интелигенција се наследува од мајката

Според последните истражувања, паметните луѓе треба да им се благодарни на своите мајки за преносот на т.н. „интелигентни гени“. Знаеме дека интелигенција има наследна компонента, но до пред неколку години се мислеше дека многу од тоа зависи и од таткото и на мајката. Сепак, неколку студии покажаа дека децата се со поголема веројатност да ја наследат интелигенцијата од мајката, бидејќи интелигентните гени се наоѓаат на хромозомот Х.
Еден од најинтересните резултати од ваквите студии се оние на Единицата за социјална и јавно здравје при Медицинскиот Истражувачки Совет во Глазгов, Шкотска. Во оваа студија, тие секоја година од 1994 година, интервјуирале 12.686 млади луѓе на возраст меѓу 14 и 22 години. Истражувачите при анализата зеле предвид неколку фактори, од бојата на кожата и едукација, до социо-економски статус. На овој начин тие покажале дека најдобар индикатор на интелигенција е коефициентот на интелигенција на мајката. Всушност, коефициентот на интелигенција smartgirlwithbooks1кај младите варира во просек до 15 поени од онаа на нивните мајки.
Сепак проценките се дека интелигенцијата е наследна само од 40-60 %, што значи дека остатокот зависи од околината, стимулацијата и личните карактеристики. Поради ова треба да запомниме дека не е доволно детето да се роди со висок Коефициент на интелигенција туку истата треба и да се негува во текот на развојот.