Во организација на Националниот совет за родова рамноправност денес се одржа конференција на тема „Заштита и поддршка на жени-жртви на родово базирано насилство“. На конференцијата се разговараше за искуствата и примерите на институциите и невладините организации кои работат со жени-жртви на семејно насилство, примерите на добра пракса од имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, приоритетите за подобрување на состојбата во земјата и потребата од заедничко делување на институциите и невладините организации.
На Конференцијата свои воведни излагања имаа г-ѓа Фросина Ременски, Министерка за труд и социјална политика; г-дин Мауро Ди Вероли, Делегација на ЕУ во Р. Македо
нија , г-ѓа Луиза Витон, Постојана координаторка на ОН во Македонија; г-ѓа Лидија Димова, пратеничка во Собранието на РМ; г-ѓа Вања Мацановиќ, Европско женско лоби; г-ѓа Далида Хорват, Друштво СОС телефон, Љубљана, Словенија; г-ѓа Барбара Стелмажек, Европска мрежа на жени против насилство.
Конференцијата работеше во групи на различно теми, модерирани од г-ѓа Билјана Настовска, УНДП; г-ѓа Доминика Стојаноска, канцедларија на UN Women; г-ѓа Стојанка Мирчева, експертка.
Конференцијата усвои и препораки за надминување на состојбите со родово базирано насилство во Република Македонија.
Најнови коментари