Вести

Дали Доналд Трамп ќе ги намали програмите за поддршка на жени?

Транзицискиот тим на Трамп побарал од Стејт Департментот да им ги достави сите програми, финансии и работни позиции поврзани со поддршка на родовата еднаквост до 17:00 во среда. Досега се доставени три такви барања до Стејт департментот и тоа во областите: борба против тероризмот, борба против насилниот екстремизам и сега женските прашања. Овие барања се смета дека го откриваат она што тимот на Трамп смета дека се неговите приоритети во однос на промена на политиките по преземањето на функцијата.

Според Џош Рогин од Вашингтон Пост ова барање предизвикува „вознемиреност дека новата администрација ќе ги избрише програмите кои промовираат еднаквост на жените, како и луѓето кои работат за нив“. Според него, во барањето тимот на Трамп ја задолжува секоја канцеларија да достави информации за сите постоечки програми и активности кои “промовираат родова еднаквост, борба со родовото насилство, промовираат учество на жените во економската и политичката сфера, претприемништво, итн.

„Фактот дека персоналот на Трамп брза да дознае какви ресурси се потрошени на женските прашања, најверојатно, е знак дека тие планираат да ги намалат финансиските средства и вниманието на овие програми. Тоа би можело да влијае не само на вработените во Стејт департментот, кои работат на овие прашања, но, исто така, на милиони жени и девојки од целиот свет.“- пишува Рогин.