Глобалниот Самит за жени лидерки 2017 кој се одржува во хотел Мариот, во организација на Сојузот на Стопански Комори на Македонија, Здружението на бизнис жени и Светската бизнис Асоцијација-Македонија продолжи и денес.
Вториот ден започна со инспиративното обраќање на г-ѓа Валентина Дисоска, Претседателка на Здружението на бизнис жени. Таа ја потенцираше важноста од усвојување на Стратегијата за женско претприемништво во Република Македонија, со цел да им се овозможи на жените полесно да го започнат или развијат својот бизнис. “Потребна е соработка меѓу жените лидерки во сите општествени области-бизнис, политика, медиуми, наука” -изјави г-ѓа Дисоска. Таа истакна дека верува во способноста на жените и порача “да ги надминеме сопствените бариери, тие се единственото нешто што не кочи на патот кон успехот”
Најнови коментари