8ми Mарт е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Во тој дух, Платформата за родова еднаквост организираше Марш на жените, во кој движејќи се од Плоштадот Карпошово востание преку Камениот Mост и Плоштадот Македонија, па до Паркот „Жена-борец“ испратија порака дека се тука, дека се важни и дека нивниот глас ќе биде слушнат. Истовремено со жените низ светот кои на овој 8 Mарт објавија општ женски штрајк, и тие јасно и недвосмислено порачаа дека сакаат еднакво, солидарно и напредно општество.
Денес жените маршираа за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување!
Најнови коментари