Жените играат клучна улога во управувањето. Тие не само што се образовани, талентирани, уверени, амбициозни и кариерно ориентирани, но тие, исто така, имаат трпение, вештини за планирање, преговарање и одговорно буџетирање. Ова им помага да се справат со задачите, да се добри во управување, менаџирање на времето и сите задолженија.
Денес жените ги имаат докажано своите способности да прават по неколку работи наеднаш. Жените претприемачи со сигурност можат да иницираат, организираат, планираат и да работат на нивните мали и средни претпријатија ефикасно. Жената која е креативна наоѓа поголема слобода да ја спроведе својата креативност и идеи кога таа има свое претпријатие. Претприемништвото е средство за заработка на пари и придонесување на приход во семејството како за оние со високо професионални квалификации, така и за оние со пониско образование. Сепак предизвикот за поголемиот број на жени во Македонија лежи во преминувањето на прагот, надминување на бариерите и откривање на својот потенцијал и идентитет. Заради тоа мислам дека треба да се потсетиме кои се вештини потребни за бизнис ги има жената и кои сигурно ќе ги пронајдете кај себе.
Емоционална интелигенција
Жените се повеќе емоционално интелигентни од мажите и имаат добри интерперсонални вештини кои се од витално значење за обликување стратегии и градење поддршка.
Multitasking ориентација (правење повеќе работи наеднаш)
Жените имаат способност за справување со многу задачи во исто време како зборување на телефон, читање на нивните е-маил пораки, подготвување јаење, планирање на се друго што треба да биде завршено за остатокот од денот и притоа даваат одлични резултати. Тие ги балансираат нивните семејства и кариерата ефективно.
Авто-Брендирање
Жените се многу страстни по природа и ентузијасти во врска со нивниот избор, зборуваат за тоа и ги споделуваат своите мисли. Тие ги нагласуваат придобивките од нивните услуги на своите потенцијални клиенти и знаат како да ги истакнат позитивните карактеристики.
Истрајност
Жените се многу трпеливи по природа што им овозможува да не се откажат од својата визија за развој на бизнисот по само неколку месеци или неколку неуспешни обиди.
Мотивација
Жените имаат голема страст за работа и посветеност кон општеството. Ако тие се одлучат за претприемништво, тоа значи дека тие не се плашат преземање на ризици и ќе бидат мотивирани да го направат претпријатието успешно, преку различни пристапи и со различни средства.
Најнови коментари