Вести

Глобална кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“

Кампањата „16 дена активизам против родово насилство“ започна со официјален настан во Собранието на Република Македонија, кое на крајот на настанот беше осветлено во портокалова боја, како поддршка на глобалната кампања за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња. Кампањата „16 дена активизам против родово насилство“ има за цел да ја подигне свеста и да поттикне конкретни чекори кои ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчиња.

Во текот на овие 16 дена активизам во земјата ќе се одржат бројни активности кои ќе вклучуваат поддршка од јавни личности од различни сфериможност сите да постираат свои пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и низа дебати и работилници ширум земјата.

Сепак, доколку не можете да учествувате на активностите можете да изразите поддршка за свет без насилство врз жените и со менување на профилната слика на социјалните мрежи. Тоа можете да го сторите на овој линк